ШТО Е ПРИНЦИП НА ДМЦ И ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ???

Принципот на ДМЦ претставува начин на услуга кооја нашата компанија ја дава на сите заинтересирани лица, компании, НВО кои сакаат без лично присуство во Република Македонија да ги извршат следните активности:

        Да основаат компанија,претстсавништво или НВО во Македонија

        Да управуваат со компанијата, претставништвото или НВО по принципот на ДМЦ (100% активно)

        Да вршат испитување на пазарот по принципот на ДМЦ

        Да добијат стручен совет и упатства за прописите во областа на трговското и финансиско работење по принципот на ДМЦ

        Комплетно и перманентно сервисирање на сите финансиски трансакции, сметководствени обврски и трговски потфати

        Спроведување на:

Наследни постапки, бракоразводни постапки, правни совети, постапки за денационализација и грижа за недвижен имот по принципот ДМЦ за лица државјани на РМ отселени во странство

Поради тоа што овој принцип нуди реализација на претходно споменатите услуги без присуство на корисниците во РМ, а исто така и без ангажирање на персонал, канцеларии и др. трошоците за реализација на услугите се неспоредливо помали од вообичаениот начин на работење.

Исклучително професионалниот карактер на сервисирање на вашите барања, без мешање во деловната политика на вашата компанија е наша крајна цел, бидејќи ние исклучително претендираме да бидеме ваш сервисен партнер.

Уште една причина повеќе за користење на нашите услуги е и долгогодишното искуство и стручноста на нашиот персонал, советници и стручни соработници.