ДМЦ за лица државјани на РМ со живеалиште во стрaнство

Принципот на ДМЦ за државјаните на РМ со живеалиште во странство обезбедува грижа за нивниот движен и недвижен имот во РМ и спроведување на сите постапки пред надлежните органи на РМ, заради заштита на нивните лични и имотни интереси.

Во зависност од вашите потреби, ги спроведуваме следните постапки:

        Оставинска постапка за наследување на имот од покојните сопственици

        Постапка за денационализација на имот одземен со прописите за национализација, конфискација и експропријација

        Постапка за развод на брак склучен или заведен во РМ без присуство на еден или двајцата брачни содружници

        Водење на останати постапки пред надлежниот суд заради заштита на имотните, личните и статусните интереси

        Грижа, управување и стопанисување со недвижниот имот во РМ

Сите наведени дејствија се превземаат по издавање на согласност, налог и полномошно од корисникот на услугите. Полномошното и налогот се специјални, со прецизна спецификација на дејствијата за кои клиентот се согласува да бидат преземени.

Во зависност од оравната проблематика полномошното гласи на име на стручно лице кој е специјализиран во дадена област-адвокат од редовите на нашата компанија.

За сите превземени дејствија и одржани судски расправи, во најкраток временски рок клиентот ќе биде информиран по пат на електронска пошта.

Цената на услугите е идентична со тарифата на услугите на адвокатската комора, зголемена за трошоците за коресподенција и провизијата на компанијата.