Работа на компанијата-претставништвото-НВО

Седиштето на вашата компанија-претставништво-НВО се наоѓа во нашите простории, кои се лоцирани во центарот на Скопје. Целокупната деловна коресподенција се одвива на истата адреса, а воедно тука се водат сметководствените книги и сите други дејствија кои се превземаат за нормално работење на една компанија.

Начинот на кој се одвива извршувањето на услугите во основа е системот барање-потвда-извештај

На секое ваше барање за превземање одредено дејствије во најкраток можен рок добивате потврда од нашата компанија која ги содржи сите потребни информации за начинот на извршување на дејствието (рок на извршување,трошоци и др.)

По завршувањето на дејствието ви се испраќа извештај со кој се потврдуваат резултатите од дејствието.

Доколку имате одредени забелешки по добивањето на потврдата може да направите измени на барањето или во целост да го стопирате дејствието. На овој начин се овозможува да се избегнат сите можни недоразбирања.

Целокупната комуникација меѓу клиентот и нашата компанија се врши преку електронска пошта,користејќи безбедна апликација по ваш избор.

На овој начин клиентот ја управува целосно компанијата и самостојно донесува одлуки на реално претставени состојби.

Во барањето можете да побарате превземање на сите дејствија за кои сте заинтересирани:

        Надворешно трговско и услужно работење

        Внатрешно трговско и услужно работење

        Застапување пред царинска управа

        Застапување пред министерства

        Испитување на пазар

        Обезбедување на дозволи за увоз, извоз и реекспорт

        Учество на јавни тендери